Детали за вчерашната сообраќајна несреќа на влезот во Скопје: Меѓу повредените и тинејџери

На 16.03.2019 околу 23.50 часот на булевар „Александар Македонски“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Рено меган“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.М.Д.(22) од село Сопиште, скопско и патничко возило „Опел вектра“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.А.(22) од Скопје.
Со повреди се здобиле двајцата возачи, како и Н.А.(19) од Скопје и И.А.(22) од Скопје, сопатници во возилото „Опел вектра“ и сопатничката во возилото „Рено меган“, К.Л.(20) од Скопје.
Повредените од возилото „Опел Вектра“ со возила на итна медицинска помош биле пренесени во комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде им била укажана лекарска помош.
Додека, повредените од возилото „Рено Меган“ биле пренесени во градската општа болница „8-ми Септември“ каде им била укажана лекарска помош. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.
Ново на Сител
-

Почнаа меѓукоалициските консултации за смени во Владата
-

ВМРО-ДПМНЕ: Познат доктор и поранешен градоначалник го одбил Филипче
-

Опозицијата ѝ понуди помош на Владата по корупцискиот скандал во Платежната агенција
-

Судењето за пожарот во Кочани почнува во среда, надлежните ветуваат ефикасност
-

Ѓорѓиевски: Затвореници на платен список во Комунална, истрагата да се прошири и во Град Скопје
-

ДКСК ги отфрли сите изборни предмети
-

Токсиколозите со предупредување - во сезоната на печурки внимавајте какви плодови собирате!
-

Се бара решение за 550 вработени во „Лукоил Македонија“
