Детали за трагедијата кај Охрид
Љупчо Ј. (32) од Охрид загина во сообраќајна несреќа што вчера попладнето се случи на магистралниот патен правец Охрид - Ресен, кај селото Косел.
Тој во својство на мотоциклист на критичното место изгубил контрола врз мотоциклот и удрил во задниот дел на автобус со кочански регистерски таблички, запрен покрај патот и надвор од коловозот. Екипата на Службата за итна медицинска помош само го констатирала фаталниот исход од несреќата за младиот моторциклист.
- На местото на сообраќајната незгода, увид изврши дежурен Јавен обвинител и екипи на СВР Охрид како и овластен судски вештак. За време на увидот сообраќајот не беше запрен односно беше наизменично регулиран во двата правци, информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.
По наредба на Јавен обвинител, врз телото на починатиот денеска ќе биде извршена обдукција, како и вонреден технички преглед на паркираниот автобус
Ново на Сител
-
Тема на денот со Сашо Клековски, директор на ФЗОМ
-
Наместо гаснење на пожари и краткорочни мерки, онколошките пациенти бараат долгорочен канцер план
-
„Живи ќе изгоревме“, вели патничка од автобусот на ЈСП кој се запали во Сопиште
-
Македонската полиција се засили со нови 497 припадници
-
Земјоделците бараат поедноставни процедури за добивање средства од државните програми
-
Туристичкиот сектор кубури со кадар
-
Одбележан роденденот на Тоше
-
Преглед на вестите од светот