Детали за грабежот во НЛБ банка - разбојниците по кражбата го запалиле возилото

Tри вооружени лица најверојатно го извршиле грабежот во експозитурата на НЛБ банка во Ѓорче Петров. Тие го извршиле грабежот со „опел вектра“ која потоа била запалена, по што побегнале кон селото Крушопек. Полицијата соопшти повеќе информации околу вчерашниот грабеж, во кој банката информираше дека се украдени 8 700 евра.
„Вчера во 10.55 часот во СВР Скопје, Е.С.(26) од Скопје, вработена во банка, пријавила дека во експозитура на банката на ул.„Исаија Мажовски“ во Скопје три лица со закана со оружје над вработените одзеле пари. Исто така, М.Д.(60) од Скопје пријавил дека на висечкиот мост кај стадион „Ѓорче Петров“ и селото Лака, забележал три вооружени лица, а во нивна близина опожарено возило, по што лицата со друго возило се упатиле кон селото Крушопек“, соопшти МВР.
Од полициски службеници е констатирано дека станува збор за патничко возило „опел вектра“, со скопски регистарски ознаки, кое било користено за претходно извршеното разбојништво. Пожарот е изгаснат од Противпожарната единица од Скопје. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од полицијата.
При вооружениот грабеж што се случи вчера во експозитурата на НЛБ Банка во Ѓорче Петров, биле се одземени 8.700 евра.Од НЛБ Банка потврдија дека клиентите и вработените на Банката се безбедни и се во добра здравствена состојба.
Ново на Сител
-

Сиљановска Давкова за ИПАРД: Строго треба да се санкционира злоупотребата, одговорност мора да има
-

Протест на земјоделците во Атина – во фокусот скандалот со европските земјоделски субвенции
-

Во штипскиот Основен суд на 27 ноември почнува судењето за убиството на турскиот државјанин
-

15-годишник со Голф направил тешка сообраќајка во Кондово, повредени шест лица меѓу кои 2-годишно девојче
-

46-годишник од Конче загина на лов, застрелан од пријател ловџија
-

Десетици илјади Израелци на погребот на војникот чие тело беше држено во Газа 11 години
-

6-месечниот син ја изнервирал затоа што плачел, па го тепала со тупаници нанесувајќи му контузии и хематоми
-

Турците, Србите, Германците и Полјаците најбројни странски туристи во земјава
