Десетина минути се чека за излез на ГП Богородица
– Само десетина минути, колку што се потребни за обавување на задолжителните полициски и царински формалности, се чека за излез од земјава на граничниот премин Богородица, потврдија денеска за МИА од дежурната гранична служба на нашиот најфреквентен граничен премин.
Подолги задржувања на возила и туристички автобуси нема,така што не доаѓа до сообраќајна гужва на границата каде во зависност од потребата и моментната состојба функционираат од две до шест сообраќајни ленти.
Состојбата денеска е иста и на спротивната страна од границата што овозможува туристите од земјава и странство брзо да ги преминуваат двете граници.
Поголема сообраќајна фреквенција и зголемен број туристи се очекуваат за време на продолжениот Илинденски викенд, но од нашата страна на границата се подготвени за прифаќање на тој предизвик со напомена дека во функција на ефикасно работење ќе бидат ставени сите расположливи капацитети на ГП Богородица.
Ново на Сител
-
Тошковски: МВР издаде пасош за Јахоски по одлука на судот
-
50 години Институт за безбедност, одбрана и мир
-
Дел од синдикатите на средба со претседателот на Комисијата за економски прашања
-
Банско криe богата средновековна историја
-
Преглед на вестите од светот
-
Десеттина ученици се фатени како препишувале на првиот испит од државната матура – какви мерки им следуваат?
-
Со една изборна единица до поголема демократизација
-
Тема на денот со Љупчо Николовски, пратеник