Десетици загинати и стотици повредени цивили во гранатирање во Харков | ВИДЕО
Антон Герашченко, советник на министерот за внатрешни работи на Киев, на Фејсбук објави дека московските трупи бомбардирале станбени области со проектили.
Десетици цивили загинаа, а стотици се повредени во силно руско гранатирање на градот Харков во источна Украина денеска, соопштија украинските власти.
Антон Герашченко, советник на министерот за внатрешни работи на Киев, на Фејсбук објави дека московските трупи бомбардирале станбени области со проектили.
„Десетици се убиени, а стотици се ранети! Целиот свет мора да го види овој ужас! Смрт за окупаторите!“, напиша тој и објави видео споделено од жител.
Во оваа фаза, никој не може точно да се каже колку цивили се убиени досега. Шефицата на ОН за човекови права Мишел Башелет претходно денеска изјави дека најмалку 102 цивили се убиени, а уште 304 лица се повредени.
„Повеќето од овие цивили беа убиени од експлозивно оружје со широк опсег, вклучително и гранатирање од тешка артилерија и ракетни системи, како и воздушни напади. Стравуваме дека вистинските бројки се значително повисоки“, рече Башелет.
Ново на Сител
-
Средба на историската Комисија во Атина
-
Тема на денот со Ивица Томовски, директор на СОЗР
-
Владата го усвои ребалансот на Буџетот
-
„Таков каков што сум’’ - aвтобиографија на бизнисменот Кочо Анѓушев
-
Инцидент во Советот на Општина Кочани - советникот Акиов повреди вработена
-
Во кој суд ќе им се суди на обвинетите за пожарот во „Пулс“?
-
Клековски: Повредени од трагедијата во Kочани да не бараат консултации и процедури надвор од утврдените протоколи
-
Владата го усвои ребалансот на Буџетот