Десет пожари на отворено денеска до 12 часот, четири активни
Вкупно 10 пожари на отворен простор се евидентирани денеска до 12 часот на територија на државата. Четири се активни, три се ставени под контрола, а останатите се изгаснати, информираа од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Сѐ уште се активни пожарите на планините Кожуф и Добра Вода во општините Гевгелија и Македонски Брод. На Кожуф кај село Петрово гори букова шума, а на Добра Вода опожарена е ниска вегетација.
Шума гори и во село Брест, Малино маало во општина Чучер Сандево.
Четвртиот активен пожар е во регионот на општина Бутел. Нискостеблеста вегетација гори на булевар „Словенечка“, во близина на аквадуктот.
Под контрола се два пожари во Гази Баба и еден во Студеничани. Во село Трубарево опожарен бил електричен отпад, во село Виниче - место викано „Муратица“ горела нискостеблеста шума, а во село Батинци - ниска вегетација и мешана шума.
Изгаснатите пожари биле на територија на општините Струмица, Кочани и Тетово. Во селата Банско и Бели гореле депонии, а во Тетово опожарено било ѓубре.
МИА
Ново на Сител
-
Арсовска: И јас се извинувам на граѓаните што сум мислела дека си чесен, професор и интелектуалец
-
ЦУК: Активни четири пожари, исто толку се под контрола, еден е изгаснат
-
Песков: Предлогот на Путин за намалување на нуклеарното вооружување е гест на добра волја
-
Насилство во Прилеп, петмина физички нападнале две лица, користејќи тврди предмети
-
Возач оставил тешко повреден турчин во Државна болница па заминал, турчинот подоцна починал
-
Полицаец од Велес се заканувал на човек од кого купил автомобил кој требало да е исправен, но по кратко возење останал во дефект
-
Мицкоски: Ѓорѓиевски во првите 72 часа ќе го исчисти сметот во Скопје, одговорност ќе има со име и презиме
-
Пешак потешко повреден на патот Струмица - ГП Ново Село