Мицкоски: Ѓорѓиевски во првите 72 часа ќе го исчисти сметот во Скопје, одговорност ќе има со име и презиме

На 19 октомври Орце Ѓорѓиевски ќе биде избран за градоначалник на Град Скопје и првите 72 часа Скопје ќе има генералка од сметот кој што ќе го остават овие што ќе заминат, а потоа следи одговорност. Бидете сигурни дека ќе има одговорност и ќе има име и презиме.
Тоа го истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања по направениот увид во градежни активности на спортска сала во ОУ „Димитар Поп Беровски“, во Општина Ѓорче Петров.
На прашањето дали чуствува одговорност за неподигањето на сметот во Скопје од страна на Комунална хигиена и дека градоначалничката Данела Арсовска беше поддржана од коалицијата на ВМРО - ДПМНЕ, Мицкоски, кажа дека повеќе пати се извинил за тоа што ја поддржале како независен кандидат.
-Дали чуствувам одоговорност што сум ја поддржал тогаш независната кандидатка, сум го кажал најмалку 10 пати. Да чуствувам и сум се извинил најмалку 10 пати. И еве повторно ќе кажам, се извинувам што тогаш застанав позади независниот кандидат Данела Арсвоска. И затоа сум го кажал тоа најмалку 10 пати дека таа грешка повеќе нема да ја повториме. Затоа на следните избори ќе победи Орце Ѓорѓиевски уште во првиот круг и како што самиот се обврза пред скопјани, во првите 72 часа ќе ги засука ракавите и ќе го исчисти Градот Скопје од смет, изјави Мицкоски.
Тој потсети на ситуацијата кога градоначалниците од скопските општини се самоорганизирале да го соберат сметот и оти одговорните тогаш во депонијата Дрисла ја затвориле портата, а градоначалниците добиле и кривични пријави.
-Простете ни, јас сум одговорен човек, претседател на Влада, претседател на најголемата политичка партија и неможам да дозволам и да жртвувам градоначалници кои се избрани од граѓаните за некој фрустрациите да ги покажува на нив, рече премиерот Мицкоски.
МИА
Ново на Сител
-

За десет месеци албанската полиција уништила над 200 илјади стебла марихуана
-

Казахстан ремизираше со Белгија, македонската репрезентација има теоретски шанси за директен пласман на СП
-

Support Kocani ја реализира четвртата пратка компресивна облека
-

Собраниската комисиска расправа за Предлог-буџетот продолжува в понеделник
-

Судството во 2025 г. имало за 6 милиони евра поголеми плати, тие бараат уште плус 22 милиони евра повеќе
-

На две различни локации во водите на Охридско езеро пронајдени се четири неексплодирани експлозивни направи
-

Продолжуваат ноќните меѓусебни напади помеѓу Украина и Русија
-

55-годишник при извршување земјоделски работи во Нов Дојран пронашол три експлозивни направи
