Десет дена нема трага во Мариово од 10-годишниот Петар
Десетти ден нема никаква трага од 10-годишен Петар кој исчезна од селото Врпско, Мариово. На Петар му се губи секаква трага попладнето, по 16 часот, на 25 феруари, од дворот на селската куќа.
Екипи на полицијата, на граничната служба, повремено хеликоптер, од војската, Центарот за управување со кризи и од прилепоската спасителна служба деновиве трагаа безуспешно.
Дарко Неданоски, спелеолог и претседател на прилепската спасувачка служба вели дека се пребарани стари окна и Црна Река.
– Се спуштивме 70-тина метри во старото окно на рудникот „Партизанка“, со заштитна опрема, но немаше никакви траги. Во саботата ја пребаравме Црна Река која, поради временските услвои, беше надојдена, но пак без резултат. Потрагата продолжува, ама нема никакви траги, вели Неданоски.
Од СВР Битола велат дека потрагата продолжува по малиот Петар, но засега нема резултати. Прилепското основно обвинителство пред една недела отвори предмет за исчезнатото дете. Сослушани се родителите и постариот брат, Димитар.
Десетгодишниот Петар Џобоски со родителите и двете братчиња околу 22 февруари од Прилеп стигнале во куќата во селото Врбско, Мариово. Ги проверувале пчелите, ама попладнето околу 16 часот, Петар, дете со посебни потреби и некомуникативно, откако татко му го пратил на блискиот кладенец по вода, исчезнал без трага.
Останува загриженоста за судбината на 10-годишниот Петар, како и потрагата по него.
Ново на Сител
-
Тошковски: Бонус плата за 6.241 лица вработени во МВР кои што оствариле над 150 часа прекувремена работа во 2024
-
Трамп ветува „љубезен“ тон кон Кина доколку Пекинг почне трговски преговори со САД
-
Нова кривична пријава за ректорот на Универзитетот во Белград, нема да има средба со српскиот премиер
-
Градоначалникот на Карпош Стевчо Јакимовски осуден на три години и шест месеци затвор
-
Кривична пријава против директор на јавно претпријатие во Делчево за злоупотреба на службената положба
-
РЕК Битола: Присуството на прашина при поинтензивен ветер е позната појава, работиме на нејзино минимизирање
-
Украдени се две бронзени бисти на гробиштата во „Бутел“
-
Со фалсификат документи „аудито“ на вонбрачната партнерка го регистрирал на негово име