-->
-->
Денови на глаголицата во Истра
-->
Заедницата на Македонците во Хрватска и Македонското културно друштво на Истарската жупанија „Св. Кирил и Методиј“, денеска во истарскиот град Жмињ ќе ја организираат културната манифестација „Денови на глаголицата во Истра“.
Манифестацијата е планирана како поетско музичка етно вечер на која за патот на глаголското писмо ќе говори етно музичарот Драго Драгузет.
Ќе настапат хорот на Македонското културно друштво на Истарската жупанија и КУД „Уљаник“ од Пула, како и поетеси и поети од Истра.
Покровители на настанот се Советот за национални малцинства на Република Хрватска, Истарската жупанија и градот Пула.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Протест во Скопје на родителите на загинатите во кочанската дискотека
-
Кочани повод за втора интерпелација за Тошковски за 100 дена
-
Апелационен суд Штип: Бектеши останува во притвор
-
Кос: Македонија е тажна приказна на Балканот која предолго чека влез во ЕУ
-
Семејствата на настраданите во Кочани на протест пред јавното обвинителство во Скопје
-
Пратениците расправаат за интерпелација на министерот Тошковски
-
Николоски: Предвремени избори нема да има
-
СДСМ: Дали градоначалникот Стефковски лично се јавувал за неговиот брат да не биде казнет?