Денот на шегата одбележан во Куманово
Децата од повеќето градинки и основни училишта во Куманово денеска маскирирани се проштаа низ градскиот плоштад и централните улици одбележувајќи го Денот на шегата 1 април.
Принцези, добри самовили, вештерки, ликови од цртаните филмови, јунаци, спајдермен, супермен, каубојци, лекари, роботи беа само дел од маските кои децата заедно со родителите и наставаниците ги избраа за Денот на шегата. Помалите организираа прошетка во дворовите на градинките, а децата од големите групи се прошетаа на градскиот плоштад.
Според Лила Божиновска, одговорна учителка од „Синоличка“, иако спонтано собрани, децата имале можност да покажат како се маскирани и барем за миг да ги доживеат ликовите за кои тие мечтаат и со кои неретко се идентификуваат.
Вечерва со почеток во 19 часот во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ ќе се одржи традиционалната манифестација „Маскенбал“.
Директорот на установата Сашо Костовски, истакна дека ова е традиционална манифестација која се одржува од 1994 година и дека исто како и претходните години очекува голем интерес.
Годинешнава манифестација ќе ја водат актерите од кумановскиот театар Марко Трајковиќ и Александра Михајловска. На манифестацијата стручно жири ќе додели прва, втора и трета награда, награда за иновативна маска, групна маска и за сценски настап.
Ново на Сител
-
Приложил патна исправа на негов другар, Албанец уапсен на Табановце
-
Краделе велосипеди во Аеродром, приведени двајца крадци од Србија
-
Бајден за Трамп: Се натпреварувам против „шестгодишно дете“
-
Избоден млад кавадарчанец
-
Оштетиле повеќе предмети и украле пари, уапсени двајца кавадарчани
-
СПМ: Срамни се обидите на СДСМ да ги убедат граѓаните дека грешеле во првиот круг
-
ЦУК: Во последното деноноќие 1.616 повици на 112
-
Абас: Израелската армија ќе го нападне градот Рафа во наредните денови