Македонија
25. May 2016 - 8:17

Денеска ветер со брзина од 70 км/час

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен до засилен ветер претежно од северозападен правец кој  на моменти ќе достигнува брзина 70км/час.

Утринската температура ќе се движи од три до 11, а дневната од 17 до 24 степени.

Во Скопје, слично време, сончево со мала до умерена облачност и со умерен ветер претежно од северозападен правец. Утринската температура ќе се спушти до осум, а дневната ќе се искачи до 22 степени.

Во наредните денови следува период на претежно стабилно и суво време, а температурата ќе биде во постепен пораст. Особено топло време се очекува за време на викендот и во почетокот на наредната недела.