Македонија
6. April 2026 - 16:35

Реконструирани шест од предвидените десет хируршки сали на Клинички

Клиничкиот центар е модернизиран со 6 целосно реновирани хируршки сали. Хирурзите на клиниките за ТОАРИЛУЦ, Урологија и детската хирургија ќе работат во најсовремени услови според сите европски и светски стандарди. Во салите е предвидена имплементација на телемедицина што ќе овозможи консултации со експерти од странство во реално време.

Од клинички велат оваа инвестиција е од пресудно значење и за младите специјализанти кои досега заминуваа во странство за да се стекнат со соодветното искуство.

Премиерот најави дека во меѓувреме работат и на други капитални проекти во здравството.

Во тек е процедура и за вработување на 300 нови доктори. Новата инфраструктура ќе овозможи и поголем број интерценции во еден ден кои треба да ги намалат листите на чекање за операција.

Министерот Алиу најави дека за првпат се прави стратегија за дигитална трансформација на здравството која за три недели ќе биде во владина процедура.