Македонија
6. April 2026 - 16:35

Јавна расправа за Совет на обвинителите

Поефикасна работата на Советот на обвинителите со тоа што нема да можат да се засткријат зад воздржано гласање при именувањето и разрешувањето на обвинителите...Јавниот обвинител иако е член на Советот целосно да се изземе од гласањето кое се однесува на негови колеги од обвинителствата.

Управниот суд да носи суштински, а не само процедурални одлуки доколку некој обвинител побара судска заштита при именување и разрешување. Појасно да се дефинира на терминот „истакнат правник“ при избор на член на Советот.

Експертите и фелата денеска, на јавна расправа во Собранието, го коментираа новиот предлог-закон за Советот на  јавните обвинители.

Адвокатите реагираат на формулацијата „истакнат правник“, која се однесува на изборот на т.н. експертски членови.

Поранешната судијка во Стразбур, Цаца Николовска, предупредува на, како што вели, „пинг-понг“ улогата на Управниот суд во постапките за именување и разрешување.

Дел од експертите сметаат дека не се доволно прецизни ниту основите за разрешување на член на Советот.

Законот е дел од реформската агенда и веќе во среда влегува во прво читање пред пратениците.