Денеска се слави Светата маченичка Јулита
Светата маченичка Јулита
Од Кесарија Кападокиска. Со соседот имаше спор околу имотот, па тој појде на суд и објави за Јулита дека е христијанка, што за тоа време значеше да биде фрлена надвор од законска заштита. Света Јулита попрво се откажа од имотот одошто од верата. Но злобните незнабожци не ја оставија мирна ни после ова, туку ја мачеа и најпосле ја изгореа во оган, во 303 година. Оваа следбеничка на Христа ги даде имотот и телото за да си ја спаси душата за вечноста.
Свети Јосиф од Ариматеја
Благообразниот Јосиф, богатиот човек, член на еврејскиот Синедрион и потаен следбеник на Христос (Матеј 27, 57; Јован 19, 38). Го симна Христовото тело од крстот и заедно со Никодим го положи во својата гробница. За ова беше окован од Евреите и фрлен во затвор. Но таму му се јави воскреснатиот Господ и го увери во Своето воскресение. Потоа Евреите го пуштија од затворот и го протераа од татковината. Тој тргна да го пропове
Свети Евдоким
Роден во Кападокија од благочестиви родители, Василиј и Евдокија. Во времето на царот Теофил (829 г. – 842 г.) Евдоким беше млад офицер во војската. Но и како војник вложуваше секаков напор за да живее според евангелските заповеди. Непорочно ја чуваше својата чистота и одбегнуваше да зборува со која и да е жена освен со мајка му; беше милосрден кон бедните, грижлив во читањето свештени книги и уште погрижлив во молитвите кон Бога. Одбегнуваше суетни забави и празнословие. „Сред метежот и суетата на светот, како крин меѓу трње и како злато насред оган“. Заради неговите необични добродетели царот го постави за војвода кападокиски. На таа висока положба Евдоким се грижеше да биде праведен пред Бога и кон луѓето. Но по Божја Промисла се упокои рано, во својата триесет и трета година. Неговите мошти се пројавија како целебни. Еден полуден човек се допре до неговиот гроб и оздраве, а и едно фатено дете се крена и стана здраво. По осумнаесет месеци неговата мајка го отвори ковчегот и го најде неговото тело како живо, без каков било знак на распаѓање. А од телото на светителот излегуваше прекрасен мирис. Подоцна моштите му ги пренесоа во Цариград и ги погребаа во новата црква на Пресвета Богородица, усторена од благочестивите родителите на овој праведен Евдоким.
Ново на Сител
-
Врвните светски параглајдеристи се натпреваруваат во Крушево
-
Се претставил како дипломат на ГП „Табановце“, приведени две лица за фалсификување исправа | ФОТО
-
Активни пожарите на Готен и во малешевијата, на Бешешки рид и уште четири други
-
Приведени четири лица за управување возило под дејство на алкохол
-
Зголемена фреквенцијата на возила на граничните премини Табановце и Пелинце
-
Засилени царински патроли на Охридско Езеро: Целосна контрола на пловните објекти за спречување криминал и избегнување на давачки
-
ЈП Водовод и канализација – Скопје: Повторно енормно зголемена и неконтролирана потрошувачка на водата
-
УХМР: Денеска до 43, од утре и следната недела пониски температури, нестабилност со пороен дожд и грмежи