Денеска се празнува Св. апостол Симеон, епископ Ерусалимски

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 27 aприл.
Денеска е Св. апостол Симеон, епископ Ерусалимски.
Свршеникот на Дева Марија, Јосиф, имаше брат по име Клеопа кој живееше во Ерусалим. Во неговото семејство се родија двајцата браќа Ја¬ков и Симеон, кои подоцна еден по друг беа првите ерусалимски епископи. Свети Јаков го убија ерусалимците во 62 година, а по неговата смрт за црквата во градот се грижеше брат му Симеон. Во 70 година, кога Римјаните го нападнаа Ерусалим, епископот се повлече заедно со целата тамошна црква во градот Пела, од другата страна на Јордан. А кога Римјаните ја освоија цела Јудеја почнаа да ги гонат Давидовите потомци, за да спречат некој од нив да подигне бунт против освојувачите. Така и овој престарен човек кој то¬гаш имаше 120 години го доведоа под стража во Ерусалим, барајќи од него да се откаже од Христос. Старецот ги презре сите закани, ветувања и ма¬чења и најпосле беше распнат на крст во 107 година.
Ново на Сител
-

Уапсен Србин во Гевгелија, криумчарел шест мигранти од Египет и Палестина
-

Фицо: Постои растечка недоверба во ЕУ поради Украина
-

Орбан: Зеленски мора да знае дека може само да изгуби со напад врз Унгарија
-

САД на полноќ ќе престанат да ги наплаќаат царините кои Врховниот суд ги укина во петокот
-

Јавна дебата на УКИМ за предлог-законот за високо образование
-

Ниски утрински температури, преку ден сончево со температури до 16 степени
-

Поради зимска бура затворени училишта на североистокот на САД, откажани илјадници летови
-

Уапсен Артан Груби | ВИДЕО
