Орбан: Зеленски мора да знае дека може само да изгуби со напад врз Унгарија

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави, во врска со спорот околу прекинот на снабдувањето со нафта преку нафтоводот „Дружба“, дека украинскиот претседател Володимир Зеленски мора да знае дека може само да изгуби со напад врз Унгарија.
„Успеавме да го заштитиме снабдувањето со гориво на Унгарија. И му дадовме на претседателот Зеленски цврсти и пропорционални одговори.
Тој исто така треба да знае: Може да изгуби само со напад врз Унгарија“, напиша Орбан на Фејсбук.
Тој изјави дека унгарската влада во последните денови работела на решавање на ситуацијата предизвикана од блокадата и оцени дека успеала да го заштити снабдувањето со гориво на земјата.
„Кампања или не, украинската блокада на нафта денес е над сè“, рече Орбан, додавајќи дека кабинетот дал „решителен и пропорционален одговор“ на Киев.
Унгарскиот премиер процени дека без руска нафта и гас, цената на бензинот во Унгарија би можела да достигне 1.000 форинти (околу 2,6 евра), додека трошоците за комунални услуги во домаќинствата би се зголемиле за три до четири пати.
Претходно, Орбан објави дека Унгарија ќе стави вето на новиот пакет антируски санкции од страна на Европската Унија, наведувајќи дека Будимпешта не може да ги поддржи мерките додека не се обноват испораките на нафта преку нафтоводот „Дружба“.
Тој рече дека Националниот совет за енергетска безбедност ја разгледал ситуацијата предизвикана од, како што изјави, „украинската уцена“, оценувајќи дека снабдувањето на Унгарија засега не е загрозено, но дека е донесена одлука за „одредени контрамерки“.
Орбан, исто така, нагласи дека Унгарија нема да ги продолжи испораките на дизел за Украина додека не се обнови нормалниот тек на руски испораки на нафта преку нафтоводот, истакнувајќи дека „непријателот на Унгарија не е украинскиот народ, туку лошата украинска политика“.
Унгарија се снабдува со руска нафта преку нафтоводот „Дружба“, чиј јужен крак поминува низ Украина.
Украина на почетокот на февруари објави дека ги прекинала испораките на нафта преку нафтоводот „Дружба“, по рускиот напад врз инфраструктурата на нафтоводот на 27 јануари.
МИА
Ново на Сител
-

Трамп: Иран е принуден да попушти под притисокот на американските и израелските напади
-

Мицкоски: Нафта има, граѓаните треба да бидат спокојни, Владата веднаш ќе интервенира ако има драматичен скок на цената
-

Мицкоски: Нема силна економија без силни универзитети, нема модерна држава без образовани и мотивирани млади луѓе
-

На Меѓународниот аеродром Скопје откриени непријавени 150 илјади британски фунти
-

Седум години Ивана била тепана, малтретирана и навредувана од Стојанче, на денот на самоубиството се заканил дека ќе ја убие
-

Ѓорѓиевски: Околу три милиони евра ќе предвиди Градот Скопје во првата фаза за изградба на монтажни паркинзи, приоритет ќе имаат двата паркинга на Клинички
-

Експлозии и сирени за воздушна тревога во Ерусалим
-

Посебен режим на сообраќај во Скопје утре поради протестен марш по повод меѓународниот ден на жената
