Денеска не излегувајте без потреба - Температури до 38 степен
Времето во Македонија ќе биде сончево и многу топло, во планинските региони со мала облачност. Во северните делови ќе дува слаб североисточен ветер, а во останатите делови ветерот ќе е променлив.
Минималната температура ќе се движи од 13 до 22 степени, а максималната меѓу 31 и 38 степени. УВ-индексот ќе биде многу висок и ќе достигне до 9.
Во Скопје ќе биде сончево со мала облачност и со слаб североисточен ветер. Минималната температура ќе биде 19, а максималната 35 степени Целзиусови.
Во почетокот на наредната недела времето ќе биде стабилно и многу топло. Во понеделник попладне ќе има зголемена облачност и повремено умерен ветер. Во вторник и во среда претежно во попладневните часови повторно ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи и повеќе ветер.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ утврди кандидати за градоначалници за претстојните локални избори
-
Тема на денот со Моника Зајкова, претседателка на ЛДП
-
34 лица обвинети за пожарот во кочанската дискотека
-
СДСМ ја поздравува проширената истрага но смета дека е задоцнета
-
Македонија и Унгарија потпишаа договор за стратешка соработка
-
Претседателката: Не е проблем да разговарам со премиерот Жељасков
-
Правда финализираше пет закони од Реформската агеда
-
СЗДСМ - или современи помагала или лицата со дијабет ќе излезат на протест