Денеска ќе се одржат погребни ритуали за претседателот на Иран
Погребните ритуали за иранскиот претседател, министерот за надворешни работи Хосеин Амир Абдолахиан и другите кои загинаа во хеликоптерската несреќа ќе се одржат денеска во Табриз, главниот град на Источен Азербејџан.
Телото на Раиси подоцна ќе биде пренесено во Техеран, пред да биде погребано во неговиот роден град Машхад во североисточниот дел на Иран.
Според извештаите на иранската новинска агенција Тасним, по меморијалната церемонија во Табриз, во 16 часот по локално време ќе се одржи уште една во градот Ком, осум километри југозападно од Техеран.
Утре во Техеран ќе се одржи погреб со почести, по што неговото тело ќе биде пренесено во Машхад.
Иранските медиуми објавија видео на кое се гледаат ковчезите на Реиси и Абдолахиан поставени еден до друг и покриени со национални знамиња.
Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи вчера прогласи петдневна жалост по смртта на иранскиот претседател Ебрахим Раиси. Раиси зад себе остави сопруга и двете ќерки.
Хеликоптерот со Раиси и Абдолахиан се урна во неделата во северозападниот дел на Иран, во областа Верзеган, а покрај нив двајца загинаа уште неколку лица.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Весна Јаневска, министер за образование и наука
-
245 000 ученици утре ќе седнат во училишните клупи - 17 250 се првачиња
-
Колку е штетен Чет ГПТ за децата и тинејџерите?
-
Филипче: Иако Мицкоски не’ одби ќе поднесеме документ за црвените линии
-
Партиски активности на кандидатите за градоначалници
-
Инфлацијата кај нас е повисока од еврозоната заради очекувањата дека цените ќе продолжат да растат
-
Недостасува ИТ квалификуван кадар за поддршка на електронските услуги