Денеска е Св. маченик Созонт, Робин Худ меѓу светците

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 7 септември.
Денеска е Св. маченик Созонт.
Созонт беше родум од Ликаонија. Беше овчар, а во верата искрен и длабок. Во неговото време во градот Помпеопол започна жесток прогон на христијаните, под надзор на киликискиот хегемон Максимијан. Во истото време Созонт појде во Помпеопол, влезе во еден незнабожечки храм каде што се наоѓаше еден златен идол, му ја откина раката и златните парчиња им ги раздаде на сиромасите. Во градот настана голема тревога. А Созонт не сакаше некој друг да пострада поради неговото дело, па самиот отиде и му се откри на хегемонот. Овој нареди да го стават на маки. А откако претрпе се, го фрлија во оган, каде што ја предаде својата света душа на Бога. Пострада во 304 година.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Амар Мециновиќ, кандидат на Левица за градоначалник на Скопје
-

Кандидати и актуелни градоначалници се мобилизираа во чистење на главниот град
-

Кој треба да понесе одговорност по изборните резултати?
-

Мицкоски повика на масовност во втор изборен круг
-

Се зголемува бројот на жртви на семејно насилство во Прилеп
-

Преглед на вестите од светот
-

Ќе има ли прегрупирање на гласови во вториот круг?
-

Тема на денот со Александар Трајановски, кандидат на СДСМ за градоначалник на Аеродром
