-->
-->
Денеска е Св. маченик Лонгин
-->
Во Христово време, Лонгин беше капетан во римската војска.
Поверува во Христовата божественост, наоѓајќи се како старешина на стражата под Господовиот крст. Кога евреите сакаа да го убијат заради неговата вера во Христа, тој тајно го напушти Ерусалим и се пресели во Кападокија, па на имотот на својот татко. Но, евреите го наклеветија пред Пилат и овој испрати војници да го погубат. Кога војниците наближија, тој им излезе во пресрет, ги прими во домот и ги нагости, а утрото им кажа дека е оној кого го бараат. Војниците се збунија и се засрамија и не сакаа да го погубат, но Лонгин настојуваше да ја извршат наредбата на својот старешина. Тогаш војниците му ја отсекоа главата.
Така пострада овој сведок на Христовиот живот и воскресението.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Компаниите не знаат колку ќе плаќаат за декарбонизација
-

Меѓународна научна конференција „Македонскиот јазик – извор на научни истражувања“
-

Пoвторно случаи со телефонски измами во Охрид
-

Живот под отворено небо
-

Преглед на вестите од светот
-

Судски совет и државниот обвинител со оценка за извештајот на ЕУ
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

Мицкоски за злоупотребите со ИПАРД: Има да одговараат од еден до последен
