Македонија
12. November 2025 - 12:21

Пoвторно случаи со телефонски измами во Охрид

Повторно случаи со телефонски измами во Охрид.Непознати лица, преку телефонски јавувања на нивните фиксни или мобилни телефони, се обидуваат да ги измамат граѓаните, претставувајќи се како полициски инспектори. Притоа, тие им кажуваат дека членови на нивните семејства направиле сообраќајни незгоди и дека треба итно да дадат пари за наводна помош при понатамошната постапка за членот на нивното семејство да не оди во затвор и да биде ослободен од кривичен прогон.

Изминатата  и во 2022 година  пронајдени се  сторителите на исти вакви  кривични дела ,станува збор за организирани група од македонски и странски државјани.

Од охридската полиција апелираат до граѓаните да не наседнуваат на ваквите телефонски јавувања и веднаш да ги пријават  и посочуваат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и целосно расветлување и документирање на ваквите пријавени настани.