-->
-->
Денеска е Св. Григориј Богослов
-->
Во Црквата името Богослов го носат само три личности: Јован, апостолот и евангелист, Симеон, наречен Нов Богослов, и Григориј Кападокиецот, кого го славиме денес. Последниов се роди во 330 година во Аријанз. Ги помина сите степени на тогашната наука, завршувајќи го образованието во Атина заедно со свети Василиј Велики. Григориј бил поетичен, чувствителен дух, но состојбите во Црквата во четвртиот век долго не му оставале можност да се повлече во ненарушено богомислие. Тоа му пошло од рака кон крајот на животот. Се повлекол во родниот Аријанз и тука го предал духот на Бога околу 390 година.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Телеком го поддржа театарскиот проект Замисли нов свет
-
Преглед на вестите од светот
-
Артан Груби се повлекува од јавниот живот иако тврди дека е чист како солза
-
Уставен се подготвува за седница на која со експерти ќе се разгледува законот за јазиците
-
Одбележани 30 години соработка со УНХЦР
-
Диви свињи ги уништуваат нивите на брегот на Охридското езеро
-
Штипските студенти од УГД ќе можат да студираат во Европската Алијанса на Универзитети
-
Преглед на вестите од светот