Денеска е Св. апостол Петар - одбележете го празникот на овој начин за среќа и здравје во домот
Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 16 јануари.
Денеска е Св. апостол Петар.
На овој ден се спомнува апостол Петар заради оковите во кои беше ставен во времето на Ирод и од кои беше ослободен на чудесен начин. Христијаните ги чуваа овие окови заради чудата што се случуваа преку нив. Во петтиот век царицата Евдокија еден дел од оковите испрати во Цариград, во црквата на Светите Апостоли, а другиот дел го прати во Рим на Евдоксија, жената на западниот римски цар Валентинијан Трети. Евдоксија изгради црква и во неа ги положи оковите.
Според народните верувања овој ден се смета за голем празник. Порано овој празник се празнувал за да се спречат болестите и чумите кои можат да ѝ наштетат на стоката. Тие сметале и дека од утре започнува поубаво и потопло време. Се верувало и дека кој ќе облече одело сошиено на овој ден ќе го удри гром.
Денеска треба да му се помолите на овој светец за здравје и среќа во домот, за кои се смета дека ги носи токму Свети Петар.
Ново на Сител
-
Голем пожар во Дрисла
-
Голем пожар во Дрисла
-
Тема на денот со Радмила Шеќеринска, заменик генерална секретарка на НАТО
-
Преглед на вестите од светот
-
Пратеници утре на надзор во АНБ
-
ЈО со обвинение против Хајрулахи и Цветановски
-
СДСМ обвинува за спорен тендер
-
До 29 септември сите службени возила треба бидат со црвени регистарски таблички