Денеска е Св. апостол и евангелист Марко
Марко е еден од 70-те Христови апостоли. Евреин по потекло, а припаѓал на левитскиот (свештенички) сталеж. Тој е писател на едно од четирите евангелија. Лично не бил присутен на настаните што ги опишува, туку ги дознал од апостолот Петар. Со последниов бил многу близок. Свети Марко во почетокот на апостолската проповед одел заедно со апостолите Петар и Павле, а подоцна заминува за Александрија. Така, тој е прв проповедник на христијанството во Египет и прв александриски епископ. Околу 67-мата година го наоѓаме во Рим заедно со свети Петар и Павле, пред нивната маченичка смрт, а потоа тој пак се враќа во Египет. И самиот пострадал маченички од локалните пагани. Неговите мошти биле положени во од него подигнатата александриска црква, а подоцна (827-мата година) биле пренесени во Венеција.
Ново на Сител
-
300 пати над дозволеното присуство на јаглерод моноксид
-
Двојно убиство и самоубиство во Велес
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски
-
Двојно убиство и самоубиство во Велес
-
300 пати над дозволеното присуство на јаглерод моноксид
-
Пожарот во Трубарево е изгасен, на Дрисла се уште чади
-
МВР ќе ги засилува капацитетите и контролата на депониите и критичните точки на палење