Денеска е празнуваат Св. маченици Адријан и Наталија
Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 26 август.
Денеска е Св. маченици Адријан и Наталија.
Свети Адријан и Наталија потекнуваа и живееја во Никомидија. Двајцата беа од богат род. Адријан, кој беше началник во преторијата, беше незнабожец, а Наталија тајна христијанка. Пред своето мачеништво тие проживеаа во брак само една година. Во нивно време царот Максимијан ја посети Никомидија и не пропушти прилика тука да ги прогонува христијаните. Имено, во близината на градот, во една пештера, се криеа 23 христијани. Некој ги поткажа овие на властите, а војниците ги извлекоа оттаму, ги изнамачија и ги фрлија в затвор. А Адријан, како човек со прав ум, се чудеше на нивната истрајност и преку нив и тој поверува во Распнатиот и Воскреснатиот. И не го криеше тоа, туку јавно го исповеда, поради што беше затворен. Кога слушна за тоа, Наталија дојде во затворот и тука им служеше на сите и го бодреше Адријана да истрае во сведоштвото. Набргу сите беа погубени. А после три дена, како особено приврзана гулабица, и Наталија се прибра мирно кон својот брачник.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Протест во Скопје на родителите на загинатите во кочанската дискотека
-
Кочани повод за втора интерпелација за Тошковски за 100 дена
-
Апелационен суд Штип: Бектеши останува во притвор
-
Кос: Македонија е тажна приказна на Балканот која предолго чека влез во ЕУ
-
Семејствата на настраданите во Кочани на протест пред јавното обвинителство во Скопје
-
Пратениците расправаат за интерпелација на министерот Тошковски
-
Николоски: Предвремени избори нема да има