Денеска е празник на родителите на Јован Крстител
Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 5 септември.
Денеска е Св. пророк Захариј.
Свети пророк Захариј е таткото на свети Јован Крстител. Потекнуваше од свештеничкото Ароново племе. Син му Јован му беше даден кога тој и жена му Елисавета беа во поодминати години, како дете на верата, т.е. заради нивниот свет живот и цврстата вера во Бога. Животот го заврши маченички, беше погубен од Иродовите војници покрај олтарот.
Свети пророк Захариј и праведна Елисавета
Празник на родителите на Свети Јован Крстител
Светите Захариј и Елисавета, чесни и побожни луѓе, биле разочарани затоа што немале деца, а бездетството тогаш се сметало за Божја казна за некој голем грев. Биле во длабока старост па и покрај деноноќните молитви упатени кон Бога, сè помалку верувале дека ќе добијат рожба. Еднаш додека Захариј служел во храмот му се јавил ангелот Гаврил и му соопштил дека ќе добие син, и да му стават име Јован. Захариј во моментот не поверувал поради што за казна онемел. Подоцна навистина добил син кому му ставиле име Јован. Тоа се случило шест месеци пред да се роди Исус.
За време на царот Ирод, кога наредил да се убијат сите деца до две години, за да биде убиен и новородениот цар јудејски, Захариј своето дете и Елисавета го скрил во пештера. Кога не можеле да го најдат детето војниците го убиле Захариј. Споменот на Захариј и Елисавета се празнува на 18/5 IX, а зачнувањето на свети Јован Крстител на 6. Х/23 IX.
Ново на Сител
-
Учениците од утре на пролетен распуст, наставата ќе продолжи на 7 мај
-
Изборната кампања за двојните избори влегува во втората половина
-
Денеска е Цветници
-
Демократскиот сојуз ќе го одржи седмиот Конгрес
-
Во центарот на Куманово ќе биде откриен мурал со ликот на Бобан Трајковски кој беше убиен пред 23 години кај Вејце
-
Најмалку пет лица загинаа во торнадо во јужна Кина
-
Зеленски: На Украина и требаат најмалку седум ПВО системи „Патриот“
-
Сончево и релативно топло