Денеска е голем празник: Ако на овој ден дува ветер...

Покрај тоа што си имаат и посебни празници светите Василиј Велики, Григориј Богослов и Јован Златоуст имаат и еден заеднички празник.
На 12 февруари според новиот, односно на 30 јануари според стариот календар, нашиот народ го празнува празникот на тројцата светители: св. Василиј Велики, св. Григориј Богослов и св. Јован Златоуст. Многумина не знаат за кои светители станува збор, но знаат дека тоа се значајни личности што страдале за Христовата вера. Во некои места, пак, се раскажува дека тие „заедно душа дале за христијанството“. Некаде народното верување отишло уште подалеку. Во Охрид, како што запишал Е. Спространов, „Три стопци“, наместо три столбци, или три светители, е на 30 коложег. Веруваат дека тие ја крепеле земјата. Ако не биле тие, таа ќе пропаднела.
Се смета дека ако на овој голем празник на тројцата светители дува ветер тоа е лош знак, зошто ветрот покажува какво ќе биде времето во текот на цела година. Денеска не треба да се работи тешка работа по дома.
Ново на Сител
-

Крајот на декември ќе се одлучува за зголемување на минималецот
-

Колку закони треба да се сменат за да профункционира „Сејф Сити“
-

Тема на денот со Никола Крстаноски, универзитетски професор
-

Преглед на вестите од светот
-

Собранието одлучи: Анкетна комисија за Кочани, модуларната, Беса Транс и Дурмо Турс
-

Возачите сами почнаа да ги обележуваат Safe City камерите на апликации
-

Филипче останува единствен функционер во СДСМ, вели дека лично ќе го води процесот на партиски реформи
-

ИПАРД фондовите во фокус на партиските обвинувања и злоупотреби
