Денес пролет, од утре снег: Доаѓа нагло заладување во Македонија

Времето денеска беше сончево со мала до умерена локална облачност. Претпладне по одделни котлини забележана беше појава на магла. Преку денот дуваше слаб до умерен југоисточен ветер, поизразен долж Повардарието. Температурата во интервал од 11 до 16 степени.
Во Скопје претпладне со магла, а од срединаа на денот сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен југоисточен ветер. Температурата до 12 степени.
И во недела претпладне по котлините ќе има појава на магла. Во недела попладне најпрво во западните делови ќе има врнежи од дожд. Во текот на ноќта кон понеделник врнежите ќе се прошират насекаде, на планините ќе бидат од снег и ќе започне да дува засилен северен ветер. Преку денот ќе биде студено и ветровито, а врнежи од снег се очекуваат и на некои повисоки места, особено во западните делови.
До понеделник наутро минималната температура ќе е во постепен пораст, а потоа умерено ќе опадне.
Ново на Сител
-
Филипче: Продолжува борбата за европската интеграција
-
Охрид полн со гости за Илинден
-
Министри во трка за локалните избори
-
Преглед на вестите од светот
-
Meџити официјално е кандидат за Чаир, од ВРЕДИ ниту денеска не потврдија каде живее
-
Тема на денот со Бујар Османи
-
ВРЕДИ одлучи за првите кандидати
-
Совет за безбедност: Безбедноста е стабилна, пожарите под контрола, остануваме посветени на реформската агенда