Демонстранти фрлаа тоалет хартија кон романската Влада

Околу 1.500 демонстранти синоќа фрлаа тоалет хартија кон зградата на романската Влада, во знак на протест против владиниот предлог-закон со кој се предвидува во иднина министерот за правда да го именува јавниот обвинител, без можност претседателот на државата да влијае врз изборот.
Според опозициските демонстранти, оваа одредба ќе доведе до потчинување на судството од страна на Владата.
Демонстрантите се организираа преку социјалните мрежи и протестираа од Плоштадот на победата до Парламентот и седиштето на Владата.
„Не сакаме да бидеме нација на крадци“ и „Излезете од домовите“ беа паролите на демонстрантите кои носеа и слики од лидерот на владејачката Социјалдемократска партија (ПСД), Ливиу Драгнеа и други функционери облечени во затворски униформи.
Ново на Сител
-

Во тек е акцијата за генерално чистење на Скопје
-

Конституиран советот на Град Скопје
-

Скопје добива и градски воз
-

Директор на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделието, Илија Стоилев се уште во полициска станица
-

Бројот на пациенти со карцином на простата во постојан пораст
-

Започна генералното чистење на Скопје
-

Тема на денот со Илија Димовски, поранешен пратеник
-

Ѓорѓиевски ја презеде функцијата, најави целосна реорганизација
