-->
-->
Демант од ФК Вардар
-->
ФК Вардар со демант се обрати до јавноста по повод написите за случувањата пред мечот Вардар-Динамо Загреб од второто квалификациско коло од Лигата на шампионите.
ДЕМАНТ:
Целата македонска јавност присутна на стадионот која го следеше натпреварот го виде квалитетот и потенцијалот на ФК Вардар.
Првото квалификациско коло не е завршено, Вардар има реванш натпревар во Загреб за кој веќе се подготвува преку тренажен процес и видео анализи на противникот.
Точно е дека Вардар на највисоко ниво ги пречекува гостите како во ракометот така и во фудбалот. Вечера помеѓу управата на Динамо Загреб и управата на ФК Вардар имаше ДЕН ПРЕД НАТПРЕВАРОТ, и таму беа присутни Претседателите, директорите и главните спонзори. Атмосферата беше еуфорична како и секоја каде Вардар достојно ја претставува гостопримливоста на Македонскиот народ.
ФК Вардар остро демантира дека персонално г-дин Сергеи Самсоненко кршел 50 тањири или други предмети кои се прибор во угостителството.
За еуфоричната атмосфера коментираа и дел од хрватските медиуми каде немаат за цел да обвинат некого или да ги нарушат односите или да го нарушат имиџот на клубовите.
ФК Вардар апелира да не се нарушува имиџот на најголемиот спортски бренд во Македонија. Вардар чија управа и менаџмент се стремат за Европски успеси, а реализираа инфраструктура по светски стандарди со професионални младински организации.
СЕКТОР ЗА ОДНОСИ СО ЈАВНОСТ НА ФК ВАРДАР
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мицкоски на „Македонија 2025“: Се соочивме со големи предизвици, но македонската економија има потенцијал
-
Со симулација на сообраќајна несреќа во Прилеп се одбележа 12 мај, Ден на медицинските сестри
-
Младите волонтери во хумана акција
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Мирче Адамчевски
-
Таравари дефинитивно излегува од Влада, Мицкоски му посака среќа и добро здравје
-
Ахмети се антиквизира
-
Македонија со поддршка за формирање на суд за воени злосторства во Украина