Македонија
24. September 2021 - 18:11

Демант од ЦЈЗ-Штип: Учениците се заразиле за време на воншколски активности

Во врска со изјавата на медиумите дека ширењето на инфекцијата во училиштата е резултат на локална трансмисија Центарот за јавно здравје-Штип ја демантира оваа вест, бидејќи при направени епидемиолошки анкети, голем дел од позитивните ученици се заразиле за време на воншколски активности дружење на истите на роденденски забави, спортски активности и други групирања.

Центарот за јавно здравје-Штип презема мерки се со цел да се спречи ширењето на инфекцијата.