Делови од Сарај, Центар и Чаир утре без струја
Дел од корисниците од село Долно Свиларе во општина Сарај утре од 9:30 до 14 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.
Во периодот од 9 до 15 часот без струја ќебидат и корисниците од улицата „Кеј 13 Ноември“, сплав 5 - брод до МЕПСО, и градилиштето на Бетон за панорамското тркало, во општина Центар, а од 9 до14:30 часот повремени прекини во напојувањето со електрична енергија ќе имаат корисниците од Дуќанџик во општина Чаир.
Од 13 до 15 часот без струја ќе бидат и корисниците на Управен суд на РМ и седиштето на ОНЕ-ВИП во општина Центар.
Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето технички зафати во електро - системот од страна на екипите на ЕВН Македонија АД.
Ново на Сител
-
Хајрлуахи: Прават дефокус од Рекет 2
-
СДСМ: АНБ да ги декласифицира документите
-
Владините возила добија црвени таблички
-
„Синот“ на струмичкиот театар го отвори 33. фестивал „Ристо Шишков“
-
Преглед на вестите од светот
-
Голема НАТО вежба во Бугарија
-
Тема на денот со Туше Гошев, пратеник во првиот парламентарен состав
-
Одбележан 8 ми Септември - Ден на независноста на Македонија