Делови од Аеродром, Зелениково, Шуто Оризари, Сарај и Бутел утре без струја
Од 9 до 12 часот утре без електрична енергија ќе останат корисниците од булеварот „Февруарски поход“, лоцирани околу последната станица на автобуската линија со број 5 и бензинската пумпа на „Макпетрол“ во општина Аеродром.
Во временскиот период од 9 до 15 часот без струја ќе бидат корисниците од селата Градовци, Гумалево, Тисовица, Добрино и Дејковец во општина Зеленково, корисниците од улиците „Дринска“, „Нов живот“ и „Виничка“ во општина Шуто Оризари и корисниците од село Долна Арнакија, општина Сарај.
Корисниците од улицата „Хо Ши Мин“ броеви 182, 190 и 192 и детската градинка „11 Октомври“ на улицата „Натаниел Кучевишки“ во општина Бутел ќе бидат без струја од 12 до 15 часот.
Како што информира РЦУК – Скопје, прекините се поради инвестиции во електросистемот.
Ново на Сител
-
Владата сака независно тело да пресметува официјална потрошувачка кошница
-
Инспекторите на терен, деновиве ќе следат првите казни
-
Љутков: Во новиот буџет ставаме акцент на националните културни установи
-
Преглед на вестите од светот
-
Судскиот совет будно ја следи состојбата по реакциите на јавноста за смртта на Фросина
-
Синдикатите, газдите и владата седнуваат на заедничка маса
-
Министерството за култура ќе поддржи 1365 проекти од национален интерес
-
Подигнување на свеста за органодарителство