Делови од Аеродром, Кисела Вода и неколку скопски села утре без струја
Корисниците од населените места Чучер, Сандево, Глуво, Бразда, Чардак, Голиево, Горно Оризари, Танушевци, Малино, Брест, караула Рамно, Бањани, Горњани, Мирковци, Кучевиште, Побожје, Љубанци и Бродец утре од 9:25 до 15:00 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.
Од 8:00 до 14:00 часот без струја ќе бидат и дел од корисниците од улицата „Михаил Глинка“ во општина Аеродром, од 8:00 до 11:00 часот корисниците од бр. 104 до бр. 118 од улицата „Димо Хаџи Димов“ и улицата „Марко Орешковиќ“ во општина Кисела Вода, од 9:00 до 13:00 часот корисниците од село Долно Блаце, од 9:00 до 15:00 часот корисниците од улиците „4“, „6“ и „7“ во село Батинци, а од 8:30 до 10:30 часот корисниците од улицата „Ѓорѓи Капчев 1“ од бр. 14 до бр. 42 во општина Аеродром.
Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето планирани технички зафати во дистрибутивната мрежа од страна на екипи на ЕВН Македонија АД.
Ново на Сител
-
Наставник во средно училиште во Чаир нападнат од свој поранешен ученик
-
Тетовчанец, управител на приватна фирма, измамен за сума од 145.360 долари
-
Потешкотии во мобилната телефонија на А1
-
Едно лице почина откако со товарно возило излетало од патот и се забило во заштитна ограда
-
27-годишен кавадарчанец физички ја нападнал својата баба
-
Откриен идентитетот на двете жртви од вчерашната сообраќајна несреќа
-
Претрес во Битола, пронајдена марихуана
-
Лице од демирхисарско ја запалило плевната на свој соселанец