-->
-->
Делегацијата на ЕУ со остра осуда за инцидентот, бара одговорност од виновниците
-->
Делегацијата на ЕУ остро го осуди инцидентот што се случи вчера во затворот во Шуто Оризари и бара да се спроведе истрага, а одговорните за него да понесат последици.
-Делегацијата на ЕУ остро осудува каква било форма на насилство и изразува загриженост за инцидентот што се случи во затворот во Шутка. Очекуваме истрага за овој инцидент и да се сносат последици, стои во пишаната изјава на Делегацијата на ЕУ во врска со инцидентот во затворот во Шутка.
Што се однесува до судските постапки во однос на инцидентите од 27 април, од Делегацијата наведуваат дека нема да ги коментираат.
-Генерално, очекуваме судските институции да ја вршат својата работа професионално и независно, се посочува во изјавата на Делегацијата на ЕУ во земјава.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Самит ЕУ - Западен Балкан
-
Тема на денот со Ана Чупевска, потпретседателка на СДСМ
-
Самит ЕУ - Западен Балкан
-
Сетек со роденденска понуда - Попусти до 60%
-
Преглед на вестите од светот
-
Потерници за Груби и Бајрами на сајтот на МВР
-
Политички реакции – Кој е виновен за бегството на Груби?
-
Предметите за висока корупција се чуваат долго, а најчесто завршуваат и на повторно судење