Делегација од општина Ејуп, Република Турција во посета на Гостивар
Делегација од општина Ејуп, Република Турција, предводена од Ахмет Туфекчи, потпретседател на општината, денеска беше во посета на Општина Гостивар и оствари средба со градоначалникот Невзат Бејта.
На средбата се разговараше за продлабочување на соработката помеѓу двете општини и притоа се разгледаа можноста за збратимување, проектот за изградба на фекална канализација во селото Горна Бањица и организирање на традиционален ифтар во Гостивар.
- Проектот за канализација во село Горна Бањица постои, но многу чини. Предложивме да се разгледа можноста да ни се помогне во реализацијата на овој проект чија вредност е вредност околу 700 илјади евра, рече по средбата градоначалникот Бејта.
Претставник на турската делегација, Ахмет Туфекчи ја потврди подготвеноста да се помогне и неговата општина да учествува во организирање на заеднички ифтар за време на рамазанскиот пост.
Туфекчи нагласи дека во Општина Ејуп живеат околу 400 илјади жители, а околу 40 отсто од населението има потекло од Гостивар, Тетово и Скопје.
На средбата беше договорено, наскоро градоначалникот на Гостивар, да оствари возвратна посета.
Ново на Сител
-
Масовен протест за 1 Мај: Синдикатите побараа 450 евра минимална плата од новата влада
-
Работниците креваат глас
-
Првомајската традиција продолжува
-
Охрид полн со туристи за 1 Мај
-
Експерти: Екстрадицијата на Палевски треба да се прави во најголема тајност
-
Студен туш за барањата на Максим Димитриевски - за него пак, ароганцијата на СДСМ е ненадминлива
-
Каде ќе завршат гласовите за Османи и Таравари во вториот круг - одлука ќе се носи во следните денови
-
Парламентарни избори