Делегација на Комисијата за транспорт, врски и екологија на конференција во Косово
Делегација од Собранието на Република Северна Македонија денеска и утре ќе учествува на Меѓународна парламентарна конференција на тема „Иднината на транспортот“, во Приштина, Република Косово, информираат од Собранието.
Во делегацијата учествуваат членовите на Комисијата за транспорт, врски и екологија: Ненад Коциќ, Љупчо Балкоски, Олга Лозановска, Берат Ајдари, Сурија Рашиди, како и заменик-членот на Комисијата Мирче Аџиоски.
Меѓународната парламентарна конференција е организирана од страна на Собранието на Република Косово, а во соработка со ОН-Хабитат Косово, Фридрих Еберт Штифтунг, Германското друштво за меѓународна соработка и Националниот демократски институт.
На отворањето се очекува воведно обраќање да имаат: Фиторе Пацоли Далипи, претседател на Комисијата за животна средина, храна, земјоделство, планирање и развој, Рене Шле, директорот на ФЕШ за Косово, Глаук Коњуфца, претседател на Собранието на Косово и Бесник Балими, вицепремиер на Република Косово.
-Се очекува обраќање да имаат и неколку експерти од областа на транспортот како и претставници од парламентите на Република Косово, Република Северна Македонија, Република Албанија и Република Турција кои ќе имаат свои излагања на темата: „Одржлива мобилност и декарбонизација на западен Балкан“, соопштуваат од Собранието.
На вториот ден од Меѓународната парламентарна конференција предвидена е средба со косовскиот премиер Албин Курти.
-Учеството на Меѓународната парламентарна конференција е од големо значење бидејќи се очекува да се разменат искуства и практики во врска со реформите во секторот транспортот, одржливиот транспорт, урбаната мобилност и декарбонизацијата по примерот на земјите членки на Европската Унија, велат од Собранието.
Ново на Сител
-
Шеснаесет пожари регистрирани низ Македонија – три сè уште активни
-
Трамп: Џорџ Сорос и неговиот син треба да бидат обвинети за поддршка на насилните протести
-
Алиев: Трамп заслужува Нобелова награда за мир
-
Што ја гуши Преспа со Јован Тозиевски | Неформално | Sitel Podcast 111
-
На ГП Богородица се чека 40 минути, на ГП Дојран 20, а на ГП Табановце 30 минути
-
ЦУК: Регистрирани 12 пожари на отворен простор, четири изгаснати
-
Кремљ: Средба меѓу Путин и Зеленски треба да биде добро подготвена
-
Јавниот автобуски превоз во Скопје утре по неделен возен ред