-->
-->
Делегација на ФФМ учествува на Конгресот на УЕФА во Хелсинки
-->
Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Илчо Ѓорѓиоски, потпретседателот Мухамед Сејдини и генералниот секретар Филип Поповски учествуваат во работата на 41. Редовен конгрес на Европската фудбалска федерација (УЕФА) во Хелсинки, престолнината на Финска.
Покрај одлуката финалето од Лигата на Европа во циклусот од 2018 до 2021 година да се игра во иста седмица како и финалето од Лигата на шампионите, почнувајќи од 29 мај 2019 година, На седницата на Извршниот комитет на УЕФА донесени се и неколку други значајни одлуки.
Договорени се и стратешки одлуки за развој на футсалот, при што Европските првенства од 2022 година ќе се одржуваат на секои четири години со 16 репрезентации, наместо на секој две години со 12 репрезентации. Европското првенство за жени од 2019 година ќе се одржува на секој две години, како и Европското првенство за репрезентации до 19 години.
Извршниот комитет на УЕФА ја потврди одлуката дека Европското првенство за репрезентации до 21 година ќе се одржи од 16 до 30 јуни во Италија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
На „vakcinacija.mk“ пријавени над 49 000 граѓани - На располагање има 80 000 бесплатни вакцини
-
Граѓанскиот суд го забрани штрајкот на контролорите на летање, синдикатот ќе се жали
-
Ќе има ли одговорност за куќата на писателот Малески
-
Македонија добива нова национална ИКТ стратегија - СМАРТ МК 2030
-
Преглед на вестите од светот
-
Андоновски: Нова дигитална стратегија
-
Мицкоски: Излезете на гласање
-
Филипче: Секој глас се брои