Делегација на Ерменците од Нагорно-Карабах пристигна на разговори во Азербејџан
Делегација на ерменски сепаратисти од Нагорно Карабах утрово пристигна во азербејџанскиот град Јевлах на преговори со Азербејџан за реинтеграција на оваа територија, јавија азербејџанските медиуми, пренесе Бета.
Преговорите беа најавени вчера по брзата воена операција на Баку која ги принуди сепаратистите на капитулација.
Планинскиот регион Нагорно-Карабах и дел од околните територии се под контрола на Ерменија од крајот на сепаратистичката војна во 1994 година, но Азербејџан ги врати тие територии во шестнеделната војна во 2020 година.
Војната заврши со прекин на огнот со посредство на Русија и оттогаш контингент руски мировници е во Нагорно Карабах. Сепак, Азербејџан тврди дека по примирјето, Ерменија шверцува оружје во областа.
Поради овие тврдења, блокиран е единствениот пат што го поврзува Нагорно-Карабах со Ерменија, што предизвика недостиг и на храна и на лекови во тој регион.
Ново на Сител
-

Најмногу снег и најстудено на Попова Шапка
-

Во Белгија прогласен „портокалов аларм“ за опасност од респираторни инфекции
-

Денеска се празнува Собор на Светите Седумдесет aпостоли
-

Азербејџан почна да испорачува природен гас за Германија и Австрија
-

Лазаров: Мораме да извлечеме добри поуки од натпреварот со Данска
-

Меѓународна научна конференција „Охрид- Водици 2026“
-

Зеленски: Русија подготвува нови масовни напади врз Украина
-

Локални врнежи од дожд и снег, магла во котлините
