-->
-->
Делчево одбележува 74 години од ослободувањето
-->
Делчево денеска одбележува 74 години од ослободувањето и 27 години од независноста на Република Македонија.
Пред споменикот на паднатите борци во центарот на градот цвеќе положија делегација од општина Делчево предводена од градоначалникот Трајковски и министерот без ресор Аксел Ахмедовски, претставници на Советот на општина Делчево, на политички партии, институции и здруженија на граѓани.
На шест заслужни граѓани им беа доделени општинските награди „7 Септември“, како и награди за најубаво уреден двор.
На свечена седница на општинскиот совет градоначалникот на Делчево Горан Трајковски истакна дека се стремат за градење модерна и просперитетна оштина по европски терк.
- Сакаме иднина во која ќе ја донесеме Европа овде, дома, а не, ние и нашите деца да трагаат по овие стандарди во Европа. Во едно такво општество, ќе го градиме Делчево по европски терк. Тоа е мојата визија и борбата на мојата генерација истомисленици. Европско Делчево со сите нишани, од инфраструктура, до квалитет на животот, рече Трајковски.
Свеченоста продолжи со настап на децата од детската градинка Весели Цветови, рецитал подготвен од учениците од двете делчевски деветолетки како и концерт на делчевските уметници Дејан Ѓеоргиевски - Ѕене на пијано и Горан Ќурчески на тромбон.
По повод ослободувањето на Делчево, вечер во салата на Спомен дом АСНОМ ќе се одржи концерт на италијански канцони од тенорот Влатко Груевски, со пијано придружба на Андреј Наунов.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Десет мртви и 70 повредени откако невреме преврте туристички чамци во Кина
-
Лидерот на турската опозиција, Озгур Озел, нападнат од поранешен затвореник кој ги убил своите две деца | ВИДЕО
-
Трамп: Нема да ги укинам царините за Кина за да го доведам Пекинг на преговарачка маса
-
Американски бискуп бара Трамп да се извини што се прикажа како папа
-
Чествување на Денот на македонскиот јазик и 80-годишнината од кодификацијата на македонскиот стандарден јазик
-
За денеска се очекува средба Мицкоски-Таравари, тема функционирањето на Алијанса за Албанците во Владата
-
Трамп повторно го отвора озогласениот затвор Алкатраз
-
Зеленски: Поединци го блокираат пристапот на Украина кон ЕУ за да добијат место на Црвениот плоштад