Џет-Сет
27. February 2017 - 9:23

Дел од номинирани за Оскар на црвениот тепих носеа сини ленти

Многумина од номинираните за Оскар по црвениот тепих кон церемонијата зачекорија со сини ленти во знак на солидарност со Американскиот сојуз за заштита на граѓанските права, што навестуваше дека настанот ќе добие и политичка боја.

Рут Нега, која беше номинирана за најдобра женска главна улога и Лин-Мануел Миранда, номиниран во категоријата најдобра песна за анимиран филм кои застанаа на страната на Сојузот, чијшто број на членови постојано расте.

Како одговор на политиката на претседателот Доналд Трамп, група американски граѓани започнаа помасовно да се организираат во здруженијата за заштита на човековите права и правата на малцинствата.