-->
-->
Дел од корисниците во Центар, Гази Баба, Бутел и Ѓорче Петров денеска без струја
-->

Корисниците во неколку скопски општини денеска во одредени периоди од денот ќе останат без струја, соопшти РЦУК – Скопје.
Според информациите од ЕВН Македонија АД во периодот од 08:00 до 13:00 часот без струја ќе бидат корисниците од ул. Питу Гули од бр. 4 до бр. 20 во општина Центар.
Во периодот од 08:00 до 14:00 часот без струја ќе бидат корисниците од село Стајковци, во општина Гази Баба.
Како што информира ЕВН Македонија во периодот од 09:00 до 11:00 часот без електрична енергија ќе бидат дел од корисниците од ул. Рокомија, во општина Бутел, а во периодот од 09:00 до 13:00 часот дел од корисниците од улиците Ибе Паликуќа и Воин Драшковиќ во општина Ѓорче Петров.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Мицкоски: За реконструкција уште не е разговарано меѓу партиите
-

Се одложи судењето за Веаповска
-

Преглед на вестите од светот
-

Во тек е акцијата за генерално чистење на Скопје
-

Конституиран советот на Град Скопје
-

Скопје добива и градски воз
-

Директор на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделието, Илија Стоилев се уште во полициска станица
-

Бројот на пациенти со карцином на простата во постојан пораст
