-->
-->
Децата од домот „11 Октомври‘‘-Скопје се запознаа со брендот Џифони
-->
Директорката на Агенцијата за филм Мими Ѓоргоска Илиевска и извршниот директор и официјален преставник на Giffoni Experince во Македонија Дарко Башески ги запознаа децата од Домот за деца без родители „11 Октомври‘‘ од Скопје со брендот Џифони.
Како што информира Агенцијата за филм, најмладите проследиле проекција на анимиран филм синхронизиран на македонски јазик.
Џифони Македонија, како што се наведува во соопштението, ќе продолжи со ваквите манифестации наменети за деца и млади од сите категории. Досега оваа активност се одржа на 27 и 28 октомври на Детската клиника во Скопје. Преку проектот „Џифони патува“, следниот период ќе бидат опфатени млади од четири градови низ Република Македонија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тројка надеж – во Клиниката Жан Митрев на свет донесени три предвремено родени бебиња во 31 гестациска недела
-
Одобрено е обвинението за случајот „Онкологија“, судењето дополнително ќе биде закажано
-
Од 200 повредени во пожарот во Кочани 12 се уште се на болничко лекување, 1 и понатаму е во тешка состојба
-
Салиу: Не сум виновен за трагедијата
-
ВМРО-ДПМНЕ бара истрага за Филипче
-
Георгиев: Нема и не може да има дополнителни услови и барања за пристапувањето на Македонија
-
Муцунски со Баро - Повеќе соработка
-
Гаши: Пратениците имаат право на интерпелација против секој носител на јавна функција