Дебатна средба за резултатите од Самитот за климатски промени во Париз
Оној момент кога на глобално ниво ќе влезе во сила договорот постигнат на Самитот за климатски промени на ОН, што се одржа во Париз, ќе мораме на секои пет години да рапортираме за тоа во квантитативна смисла колку придонесуваме и кои акции ги спроведуваме да придонесеме за намалување на климатските промени односно преку посредни индикатори да докажеме дека навистина се движиме по една патека на ниско јаглероден раст.
Ова денеска го истакна државниот советник за климатски промени во Министерството за животна средина, одговорна за преговорите од Македонија, Теодора Обрадовиќ Грнчаровска, која укажа на неколку значајни точки од договорот.
- Ќе има задолжително петгодишно ревидирање на националните цели за редуцирање на емисиите на стакленички гасови од сите држави во светот. Тоа ќе стане правно обврзувачки оној момент кога договорот ќе влезе и формално во сила, откако 55 држави од светот ќе го ратификуваат. Тие 55 држави треба да изнесуваат 55 проценти од глобалните емисии на стакленички гасови, посочи Обрадовиќ Грнчаровска.
Во преамбулата на договорот, појасни, стои дека тој претставува придонес кон одржливиот и ниско јаглероден раст на сите држави во светот.
- Тоа значи дека климатските промени се поставуваат на едно повисоко ниво, со еден холистички пристап на сите засегнати сектори. Се дозволува пик на емисиите на концентрациите на стакленичките гасови до одреден период кој потоа мора да се намали што значи полека напуштање на ерата на фосилните горива и засилена примена на обновливите извори на енергија. Во преамбулата на договорот стои дека 100 билиони евра се задолжуваат развиените држави да помагаат на помалку развиените држави за намалување на последиците од климатските промени, додаде Обрадовиќ Грчаровска.
Диминик Готје, заменик француски амбасадор, рече дека за Франција бил вистински предизвик да го организира Самитот за климатски промени на ОН, на кој присуствувале голем број шефови на држави и бројни делегации.
Посочи дека на Самитот бил постигнат договор околу кој се сложиле околу 190 земји, кој има обврзувачки карактер и биле воспоставени механизми за да се постигне основната цел, а тоа е намалување за два степена на глобалното затоплување или можеби за 1,5 степени ако навистина за тоа сведочат резултатите кои беа објавени.
Готје ги поздрави напорите кои ги прави Владата на Република Македонија со самото присуство, но и вклученост во работите и преговорите во текот на конференцијата, со присуството на претседателот Ѓорге Иванов и на министерот за животна средина Нурхан Изаири.
- Сега ни претстои многу работа која беше договорена во текот на конференцијата. Што треба се да се направи ќе и биде попладнево соопштено на неформалниот состанок на целокупната јавност. Се надевам дека државите ќе го исполнат ветеното односно ќе ги спроведат обврските кои ги презедоа на таа конференција, додаде Готје.
Претставникот на Здружението „Go green - Биди зелен“, Антонио Јовановски истакна дека граѓанскиот сектор бил критичен во однос на некои ставки во договорот поради тоа што транспортот како да се игнорира, а е дефинитивно голема побарувачка за енергија.
- Тоа може да се преслика и во Македонија, значи во однос на транспортот тоа е нешто што може да се ограничи и да се организира на различен начин. На најранливите семејства треба да им се дадат субвенции додека не дојде моментот на гасификација. Во однос на транспортот и автомобите треба да се ограничи барем централното подрачје каде е најзагадено. Зелените површини се една од работите која може да придонесе на краток рок, а на среден рок мора да се планираат инвестиции за одржлив развој, за ниска јаглеродна економија и за намалување на загадувањето, додаде Јовановски.
Ново на Сител
-
Кривични пријави против поранешни вработени во МВР, го оштетиле буџетот на министерството за 3.314.870 денари
-
35-годишен скопјанец пријавил дека бил тепан од неговата сопруга
-
Украдено возило на АРМ оставено на автомеханичар
-
Во координирана акција запленети 283 килограми шверцуван тутун
-
Бензините и дизелот од ноќеска поскапи за два денара
-
Крводарителска акција на 30 април по повод Светскиот ден на слободата на медиумите
-
Оддадена почит за убиените осум бранители кај Вејце во 2001 година
-
Светска банка: Раст од 2,6 проценти на македонскиот БДП, 2,5 во 2026-та