Дебата за надлежностите и капацитетите за работа на Народниот правобранител
Народниот правобранител на Република Македонија со новите законски измени добива повеќе надлежности и функции, но нема доволно финансиски и човечки капацитети за нивна реализација.
Тоа се заклучоците од извештајот од граѓанскиот мониторинг на работата на Народниот правобранител на Република Македонија, изработен во рамки на проектот „Омбудсманот-меѓу мандатот и капацитетите“ на НВО Инфоцентар и Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија.
Народниот правобранител Иџет Мемети, рече дека правната рамка за поставување на институцијата Народен правобранител во Република Македонија е многу добро поставена, но од друга страна не успева да ги даде резултатите.
- Потребни се реални услови за спроведување на прописите. Не може оваа институција да се справи со сите предизвици кои го има, особено со новите измени, ако нема човечки ресурси и финансии. Овие два сегменти се клучни за добро функционирање на институцијата, а токму на овие сегменти власта имала и се уште има можност да ја блокира работата, рече Мемети.
Посочи дека мисија на Народниот правобранител е доброто владеење на правото и како на подобар начин да се промовираат и штитат човековите права, но се додека не се овозможат јаки кадровски капацитети и доволно средства нема да може со полна ефективност да ја извршува функцијата.
Според извршната директорка на Хелсиншкиот комитет за човекови права Уранија Пировска, институцијата Омбудсман секаде во светот е замислена да дејствува во држави кои вложуваат во своите демократски процеси за да може да се почуствува ефектот.
- Не е доволно само да се стави на хартија, да му се даде мандат и да се прошират надлежностите. Најважна е финансиската независност. Народниот правобранител од неговото основање до денес не може да го добие тоа да може сам да ги креира своите политики, вработувања и на тој начин да ги подобрува капацитетите на институцијата, изјави Пировска.
Во извештајот се заклучува дека државата начелно покажува волја за унапредување на улогата на оваа институција во промоција и заштита на човековите права, но искуството покажува дека нормативната волја на државата е во расчекор со политичката волја.
Народниот правобранител, се заклучува во извештајот, мора да може непречено, независно и стручно да ги развива своите капацитети за да може успешно и ефикасно да ги исполнува своите законски надлежности.
Ново на Сител
-
Приведен 29-годишник, возел со 171 километри на час на место каде е дозволено 100
-
Приведен 36-годишник, при претрес на неговиот дом пронајдена е дрога
-
53-годишен кавадарчанец бил удрен од возило во неговиот двор
-
На ГП „Табановце“ приведен 21-годишник од Австрија, при гранични проверки најдена е дрога
-
Приведен 30-годишен охриѓанец, управувал возило со 1,62% промили алкохол во крвта
-
Приведен 30-годишник, возел со 125 километри на час на место каде е дозволено 50
-
Собранието почнува со редовни активности по одморот на пратениците
-
Северна Кореја тестираше нови ракети