Џет-Сет
27. March 2016 - 13:56

Де Ниро го повлече филмот против вакцините од својот фестивал

Американскиот актер Роберт де Ниро го повлече од програмата на својот филмски фестивал Трибека, документарниот филм против вакцините, за чие прикажување првобитно се залагаше. 

Филмот: „Ваксед: Од забошотување до заговор“ требаше според првобитниот план да биде прикажан на фестивалот, кој ќе трае од 13 април до 24 април, но одлуката во програмата да се стави остварувањето на борецот против вакцинацијата Ендрју Вејкфилд наиде на жестоки критики.

Многумина се сомневаат во вистинитоста на тврдењето на Вејкфилд дека вакцината против сипаници, заушки и рубеола е поврзана со аутизмот.

Иако Де Ниро донеодамна ја бранеше својата одлука филмот да се помести во програмата, вчера соопшти дека ја променил одлуката.

Овој познат американски актер, инаку татко на едно аутистично дете, изрази претходно надеж дека филмот ќе поттикне дискусија на темата, која како што наведе е „мошне лична за него и неговото семејство“. 

Режисерот на филмот Вејкфилд и продуцентот Дел Бигри остро ја критикуваа одлуката на Де Ниро, изјавувајќи дека не им е дадена шанса да се одбранат од критичарите на тоа остварување. 

- Сведоци сме на уште еден пример на моќта на корпорациските интереси, кои ги цензурираат слободата на говорот, уметноста и вистината, се наведува во нивното соопштение.