Даунинг стрит 10: Џонсон не го споредил Оланд со нацистите
Британскиот министер за надворешни работи Борис Џонсон, не го спореди францускиот претседател Франсоа Оланд со нацистите, соопшти Даунинг стрит 10.
Демантот на кабинетот на британскиот премиер Тереза Меј доаѓа по изјавата на Џонсон во која тој го предупредува претседателот Оланд да не се „удира“ по Велика Британија во стилот на казнувањата спроведувани во текот на Втората светска војна.
Неговата изјава предизвика бурна реакција во британската проевропска политичка јавност и кај домашната опозиција.
Лабуристичката партија ја оцени изјавата како „груба и глупава“ додека британските либералдемократи сметаат дека станува збор за „непримерна и одвратна“ споредба од шефот на британската дипломатија.
Портпаролот во Даунинг стрит 10, меѓутоа, инсистира дека францускиот претседател не бил споредуван со нацистите и дека она што го рекол министерот Џонсон е само „театарски опис“ на една можна ситуација.
Претходно, Франсоа Оланд реагирајќи на говорот на Тереза Меј во Лондон, во кој таа првпат соопшти дека Велика Британија не само што излегува од ЕУ, туку дека ќе го напушти и заедничкиот европски пазар, изјави во Париз дека Велика Британија не може да добие подобар договор со ЕУ, доколку одлучи да се повлече од заедничкиот пазар, од оној што би го имала доколку остане во него.
Членот на преговарачкиот тим на Европската комисија, Гај Верхофстад ја осуди изјавата на шефот на британскиот Форин офис и побара од Тереза Меј и таа да ја осуди изјавата.
- Еве го Борис Џонсон со уште еден длабоко некорисен коментар, напиша Верхофстад на Твитер.
Во текот на кампањата за референдумот за ЕУ во Велика Британија, во јуни минатата година, Џонсон го осуди целиот проект на ЕУ и со спореди со проектот за Европа од времето на Адолф Хитлер.
Ново на Сител
-
Чешкиот „Блек хок“ се очекува да полета кон планината Готен, пристигнаа и словенечките пожарникари
-
Македонци во Тајван, сведочат за предупредувањето и опасноста од цунами по земјотресот на Камчатка
-
Кривична за управител за одгледување на канабис за медицински цели, одземени еден килограм и 260 грама марихуана
-
Економско-социјалниот совет треба да одржи седница, се очекува да се разговара за инфлацијата и порастот на платите
-
Уапсен поранешниот НБА кошаркар Морис, обвинет е за измама
-
Без вода неколку улици во Скопје
-
Почнува изградбата на „Меморијален парк за жртвите од пожарот во модуларната болница - Тетово“
-
Тројца украински војници загинаа, а 18 се ранети во руски напад врз единица за обука