Даниловски за Омикрон: Не треба да стравуваме, младите дури пожелно би било да се заразат со вирусот

Епидемиологот, проф. д-р Драган Даниловски во изјава за „Фактор“ вели дека во Јужна Африка нема оптоварување на здравствениот систем со преполнување на болниците поради пациенти кај кои е потврден омикрон.
Дури и врвот веќе го достигнаа и бројките им се намалуваат, а без навала по болниците. Она што го кажав уште пред две недели, дека нема посебна причина да стравуваме и дека напролет короната кај нас ќе се сведе на сезонски грип, веројатно ќе се оствари со високо ниво на веројатност. Исто така, штитот ќе ни биде дотолку поцврст, колку што повеќе граѓани примат трета доза. Тука мислам на постарите и хронично болните. Помладите од 50 години (ако немаат хронични болести), нема потреба да се ревакцинираат. За нив и за младите дури пожелно би било да се заразат со вирусот. Но, да почекаме какви информации ќе се добијат за тежината на клиничката слика за сите возрасни групи, особено постарите. Досегашните податоци се анегдотални. За недела-две ќе се добие појасна слика. Уверен сум дека иднината е во постојани контакти со вирусот, а не во бустер дози на вакцини – освен само за старите и хронично болните – сосема аналогно како за сезонскиот грип, нагласува проф. Даниловски.
Ново на Сител
-

Тетовчанец превезувал седум мигранти од Египет, лишен е од слобода | ФОТО
-

Лишени од слобода тројца возачи поради алкохол и пребрзо возење
-

Захарова: Оставката на Јермак е ПР потег, нападот врз Каспискиот нафтовод е тероризам
-

Јаневска: Проблемот се „петките“ кај учениците го лоцираме кај родителите
-

Охриѓанка физички го нападнала сопругот
-

Присилно украден накит од 19-годишно девојче во Центар
-

17-годишно момче пријавено за исчезнато во Скопје
-

Во пресрет на посетата на Либан, папата Лав XIV отслужи миса во Ерменската катедрала во Истанбул
