Дамаск: Мешањата од надвор ги кочат мировните преговори за Сирија
Постигнувањето на договор за решавање на сирискиот конфликт е невозможно поради „активното мешање на други држави“, меѓу кои има и такви кои го поддржуваат тероризмот, изјави постојаниот претставник на Сирија во ОН, Башар Џафари во интревју за телевиизјата „Еуроњуз“.
- Имаме доволно докази дека тероризмот доаѓа од надвор и е финансиран од надвор. Сметаме дека државите од (Перискиот) Залив се вмешани во крвопролевањето во Сирија. Сега веќе не тајна дека Турција ја финансира Исламската држава и соработува во префрлањето на терористи во Сирија. Исто така, повеќе за никого не е тајна дека Катар и Саудиска Арабија го финансираат Фронтот ал Нусра. изјави Џафари, кој е шеф на преговарачката делегација на сириската Влада на мировните преговори во Женева.
Според него, сириската опозиција не работи за доброто на Сирија, бидејќи нејзините ставови ги диктираат странски држави.
- Европа може да даде важен придонес во решавањето на кризата ако ги возобнови нормалните дипломатски односи со Сирија. Европа треба повторно да ги отвори амбасадите во Дамаск, за да може со свои очи да гледа што се случува, а не да се повикува на информации само од опозициски извори, истакна Џафари.
Сириската опозиција пак вчера ја обвини Влада во Дамаск дека „не покажува волја за спроведување на мировните преговори под полна пареа“.
- Во момнетов ние немаме партнер од другата страна кој е расположен за преговарање. Очекувавме да дојде до промена во однесувањето (на сириската Влада) под притисок од Русија, но тоа досега не се случи, изјави во Женева членот на опозициската делегација на разговорите, Басма Кодмани.
Ново на Сител
-
Муртезани во Брисел го претстави планот со кој ќе ја враќаат довербата во правосудството
-
Тема на денот со Стојанче Ангелов, претседател на „Достоинство“
-
Преглед на вестите од светот
-
Од денеска замрзнати маржи - Има ли промена на цените во маркетите?
-
Законот за бранители на СДСМ ја ниша коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ и ВРЕДИ
-
Муртезани во Брисел го претстави планот со кој ќе ја враќаат довербата во правосудството
-
Поднесена декларација во бугарското Собрание, се бара ЕУ да ги осуди навредите кон бугарските политичари
-
ДЗР: На неврологија лани најголем дел од прегледите биле за итни случаи или со врски