Дали и прилега: Карлеуша има прекар во Турција, еве како ја викаат и што најмногу им пречи кај неа
Со оглед на тоа дека Душко Тошиќ игра за фудбалскиот клуб Бешикташ, Јелена Карлеуша често престојува во Истанбул. ЈК посебно им е интересна за Турците кои и го дадоа прекарот Јенге што значи во превод снаа. Јелена признава дека не е класична жена на фудбалер, која ништо не прави и ги троши парите на сопругот.
-Тие мислат дека сум будала, зошто многу работам, зошто ним се тоа им паѓа од него, но јас научив. Јас работам од свои 16 години и горда сопственичка сум на кариера долга 22 години. Јас не би можела како нив - да седам дома и да крадам туѓи пари, јас ги бројам своите. Јас се што сакам да купам, си купувам сама, рече Јелена.
Јелена откри дека ширум светот луѓето ја препознаваат, а интересна ситуација имала во центарот на Њујорк кога во познат ресторан и пришла девојка.
-Главно цркињи, јас на нив од некоја причина им се допаѓам, рече Јелана и додаде дека слободно се движи зошто не дозволува да биде роб на шоу бизнисот.
Ново на Сител
-
Јавна седница на апелација – Нино Васев и Нехат Нухи бараат укинување на куќниот притвор
-
Штипјани со зголемена финансиска дисциплина
-
Преглед на вестите од светот
-
Средба на историската Комисија во Атина
-
Тема на денот со Ивица Томовски, директор на СОЗР
-
Владата го усвои ребалансот на Буџетот
-
„Таков каков што сум’’ - aвтобиографија на бизнисменот Кочо Анѓушев
-
Инцидент во Советот на Општина Кочани - советникот Акиов повреди вработена